ДРАМА ВО ТУРЦИЈА – Украинец се обидел да се самоубие во знак на протест против војната: Полицијата три часа се ‘борела’ со пијаниот човек

Турската полиција денеска во Истанбул приведе Украинец кој се обидел да се самоубие во знак на протест поради војната во неговата земја.

Поранешен украински полицаец на ААИ поминал преку заштитната ограда на надвозникот на тунелот Таксим во центарот на Истанбул и се обидел да се самоубие во знак на протест против војната, пишуваат турските медиуми.

Полициски екипи го забраниле сообраќајот, а пожарникарите превентивно поставија душек на надувување под човекот.

Мажот на англиски јазик извикал „Стоп за војната“, а очевидци тврдат дека бил видно под дејство на алкохол.

По тричасовна драма, Украинецот е приведен.