ОВАА ДЕВОЈКА Е ВИСТИНСКИ ХИТ – На првата брачна ноќ таа наместо да го гушне сопругот ја гушкаше WC школката: “Доживеав тотален колапс…“ (видео)

Американката Мекензи Гримсли неодамна се омажи за мажот од нејзините соништа, Брејден, но нивниот најдобар ден во животот не заврши со романтичната прва брачна ноќ.

Наместо саканиот, Мекензи ја поминала ноќта гушкајќи ја тоалетната школка бидејќи се „ослободувала“ од алкохолот, толку многу што во еден момент ја изгубила и свеста, открива таа во видеото кое оттогаш стана вирално на социјалната мрежа ТикТок со повеќе од 10 милион прегледи.

@mjgalloway1001

okay im being real honest with yall rn dont judge me 😭😭😭 it happened so fast im still confused honestly

♬ thank you sm for using my sound – Pre-split audios

Самата Мекензи не е сигурна како и се случило бидејќи, како што тврдела во следното видео, девојката не пиела многу алкохол туку цел ден пиела често вода и кола.

Искрено ? Сè уште сум збунета. Појадував, ручав, вечерав, се наполнив со грицки… Јадев многу а на крај посегнав по пилешките крилца“, вели таа во видеото.

Како и да е, не пиев на празен стомак. Дури и со малкуте пијачки бев внимателна, секогаш пиев вода или кока кола помеѓу. Мора да се признае, се сеќавам дека испив повеќе текила, но и пет-шест мешани кратки пијалоци“, се сеќава таа.

За жал, се беше во ред до околу 21.30 часот. Потоа се изгубив и од тој момент не се сеќавам речиси на ништо. Добро е што свадбената веселба сепак траеше само до 22 часот“, кажува таа.

Во основа, истрчав во мојата соба и оттогаш се сеќавам само дека некој се плашеше дека сум се препила со алкохол“, кажала меѓу другото Мекензи, која неодамна дипломирала на Универзитетот Клемсон, во САД.