ДРАМА ВО ЈАПОНИЈА: Пистата е затворена по СУДИР на два патнички авиони

Два патнички авиони случајно се судриле на пистата на главниот аеродром во Токио, а нема повредени. Пистата е затворена.

Авионот на „Тај ервејс“ кој одел кон Бангкок се судрил со авионот на „Ева ервејс“ кој одел кон Тајпеј, по што пистата била затворена, јавија јапонските медиуми.

Видео снимката објавена од TBS TV News покажува два авиони паркирани на иста писта.

Авиокомпаниите, аеродромот и Министерството за транспорт на Јапонија не беа достапни за коментар и не одговорија на повторените повици, додаде АП.

Причината за инцидентот се уште не е позната, но некои летови беа одложени поради тоа.