Драма над Средоземното Море: Пет американски војници загинаа при пад на воен авион

Потрагата по нивните тела е во тек

Европската команда на американските вооружени сили (ЕУКОМ) денеска соопшти дека пет нејзини членови загинале во падот на американски воен авион над источниот дел на Средоземното Море.

Се додава дека потрагата по нивните тела е во тек.

ЕУКОМ вчера објави дека воен авион се урнал за време на тренинг операции и дека нема индиции за некаква непријателска активност.

Од командата изјавија дека од почит кон семејствата погодени од овој инцидент, нема да бидат објавени никакви информации за оние кои биле во авионот.