Спасувачите извлекоа 82 рибари на брегот од санта мраз на островот Сахалин, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
„Спасувачката операција во Сахалин е завршена. 82 лица се евакуирани и префрлени на брегот. Нема жртви“, се наведува во соопштението.
Руското Министерство за вонредни ситуации добило информација за мразот кој се одвоил од остатокот од масата и почнал да лебди недалеку од селото Стародубско во Сахалин.
Следуваше спасувачка акција која траеше со часови и претставуваше вистинска трка со времето.