Драма на Јадранот! Поради невреме се превртеа неколку кајаци – во тек е итна потрага (ВИДЕО)

Во тек е потрага на море, пред Локрум, каде без луѓе се пронајдени неколку превртени кајаци. Според првите, неофицијални информации, сè уште се трага по нив. Некои од планинарите, меѓу кои и едно дете, се пронајдени, додека за останатите сè уште трае потрагата.

Околу 15:20 часот во полиција пристигнала пријава од граѓани кои тврдат дека забележале неколку превртени кајаци од надворешната страна на островот, на отворено море. Засега не е познато дали луѓето од кајаците исчезнале или се засолниле од невремето, оставајќи ги кајаците зад себе.

На теренот трагаат припадници на полицијата и на Капетанијата на пристаништата, работници на Локрум, како и дел од граѓаните кои запловиле со чамци.

Во акцијата за спасување на загрозените на море учествувал и дубровчанец, кој раскажува што се случува таму.

– Добив информација, излегов од Локрум, видов четири-пет превртени кајаци. Наоколу лебдеа лични предмети и документи. Морето ми поминуваше над бродот, брановите се високи, ветерот дува и до 80 километри на час. Во акцијата учествуваа многу бродови. Најдов три кајаци превртени, документи лебдат, но нема луѓе. Успеав да спасам двајца од нив, но тие не кажуваат ништо бидејќи се во шок. Загрижен сум што најдов и два елеци како лебдат наоколу – вели овој човек од Дубровник и додава:

– Сопствениците на кајаци се контрадикторни за тоа колку луѓе им недостасуваат. Полицијата интервенираше и со двата глисери, не можев повеќе да издржам поради брановите што ми се прелеваа врз чамецот. Со еден брод спасиле четворица, а јас не издржав на море. Наводно, меѓу екскурзионистите со кајаци имало и дете, кое го спасиле.

Како што се дознава, дубровчанецот спасил двајца, најверојатно, германски државјани, а четворица биле пронајдени во пештерата на Бета. Лицата се пренесени на безбедно.

Засега бараат уште три лица, но бројката постојано се менува бидејќи под знак прашалник е евиденцијата која се води за луѓе кои одат на патувања со кајак.