ДУИ: Високи функционери на огранокот на ДУИ од Чаир се спротивставуваат на изјавите на Висар Ганиу

Демократската унија за интеграција е национално богатство на Албанците и на сите граѓани во Северна Македонија која се залага за слобода, еднаквост, интеграција и развој на државата, инвестирајќи во национални, регионални, меѓународни, инфраструктурни, развојни, образовни, културни, социјални и здравствени проекти.

Сите овие достигнувања беа реализирани со наш заеднички придонес и делување во изборните кампањи и во спроведувањето на изборните ветувања и програми.

Во секој изборен циклус, победата ја обезбедуваат граѓаните со наша заедничка работа и придонесот на секој од активистите на Демократската унија за интеграција во Чаир.

Ние, долупотпишаните, високи членови на огранокот на ДУИ во Чаир и другите локални и централни партиски тела сме особено загрижени за околностите во нашите локални структури од причина што од изборот до денес се нема одржано состанок на огранокот на ДУИ во Чаир во последните 3 години, ниту пак е ревидирана реализацијата на ветената локална и централна изборна програма, ниту пак одговорните лица се повикани на одговорност за реализираните или нереализираните проекти.

Сите проекти го имаат доприносот на секој од нас и се направени заеднички затоа што ништо не можеме сами,  а тоа го овозможи ДУИ и лидерот Али Ахмети.

Секоја услуга, секој проект ветен пред граѓаните, сме имале можност да  го реализираме само затоа што таква можност ни делегирше лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети.

Затоа, длабоко сме разочарани од индивидуалните јавни реакции на градоначалникот на општина Чаир и се оградуваме од употребениот навредлив јазик и обидите за присвојување и инсталирање на поделба. Воедно, повикуваме веднаш да престане злоупотребата на позицијата за вакви поединечни агенди кои не се во согласност со лидерот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција.

Ние, долупотпишаните, недвосмислено го поддржуваме и цврсто стоиме зад лидерот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Исто така, апелираме ниту еден поединец да не биде повикан во името на огранокот на Демократската унија  за интеграција на Чаир  за лични агенди надвор од политичките определби и програми на нашиот лидер, Али Ахмети и Демократската унија за интеграција.

Со почит,

Назиф Буши, потпретседател

Ардијан Муча, потпретседател

Рами Ќерими, генерален секретар, ветеран на ОВК

Абдилселам Селами, организационен секретар

Амела Кана, претседателка на женскиот форум

Куштрим Ала, претседател на младинскиот форум

Иса Хоти, член на огранокот

Бесник Османи, член на огранок

Бујар Османи, член на централното раководство и портпарол

Назим Буши, член на централното раководство, ветеран на ОВК

Бујар Дардишта, директор

Шаип Зенели, ветеран на ОВК, заменик. директор

Илми Селами, заменик директор

Мухарем Асани, ветеран на ОВК, заменик директор

Екрем Буњаку

Незир Барди, ветеран на ОВК, член на генералниот совет, шеф на огранокот

Екрем Нуредини

Менсур Цури, советник во општина Чаир

Енвер Барди, ветеран на ОВК

Екрем Нуредини, ветеран на ОВК, општински советник

Омер Буњаку

Мухамет Заими и други.

ДУИ