ДУИ за барањето на Филипче: Прво да се формира собраниска комисија со меѓународен надзор, па да видиме како ќе постапиме
Првично треба да се формира собраниска комисија со меѓународен надзор, а потоа да се разгледаат други чекори, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со најавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба.
„Затоа, ги повикуваме сите пратеници кои не сакаат една од најголемите трагедии во државата да заврши со најголемата правна фарса на селективна правда и државно ропство, денеска да ја потпишат иницијативата „Европски фронт“ за формирање на оваа комисија“, нагласуваат од ДУИ.
Филипче синоќа на донаторската вечер за помош на семејствата на погодените и повредените во пожарот во Кочани, предупреди дека следната недела ќе ги повика лидерите на најголемите политички партии на состанок во Собранието на кој ќе го претстави својот план – кој смета дека е обврска да се направи за државата, бидејќи, како што рече, „јасно е дека конвенционалните начини на водење политика, резултатите од политичката војна не даваат доволно брзо“.
Пратеничката група на „Европски фронт“ вчера до претседателот на Собранието достави официјално барање за информации за деталите и околностите, постапувањето на надлежните институции и селективниот пристап во истражниот процес во врска со трагедијата што се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а стотици други беа повредени, соопшти пратеничката група. Бараат и собраниска комисија да ја следи работата на истражните и правосудните органи во врска со пожарот во Кочани.
„Барањето е засновано на член 205, став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и вклучува неколку клучни точки за кои е потребно објаснување од Владата, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и други институции, меѓу кои се: увиди и превентивни мерки – мерки преземени пред трагедијата, дејствија на денот на настанот, детали за селективен пристап на истрагата и за транспарентност на истрагата истрага – разјаснување на фокусот само на одредени функционери и мерки за обезбедување независна и транспарентна истрага – преземени дејствија за гарантирање на правдата, нагласуваат од „Европски фронт“.