ДУИ: Имавме фер избори, како што доликува на земја членка на НАТО

„Сакам да им честитам на сите граѓани за мирниот изборен процес во кој граѓаните ја искажаа својата политичка волја. Имавме фер избори во демократски дух и компетитивна атмосфера“, изјави Арбер Адеми од ДУИ.

Адеми чесититаше на демократска зрелост што и доликува на земја членка на НАТО и преговарач за влез во ЕУ.

„Да им се заблагодариме на сите што гласаа за Бујар Османи со тоа го доверија својот глас и за Европскиот фронт. Сакаме да знаете дека вашта волја е запишана и ќе биде дел од идните политики на Република Северна Македонија, бидејќи тоа е важно и е суштина на демократијата граѓаните да одлучуваат за се и нивната волја да се почитува“, изјави Адеми.