ДУИ одржува внатрепартиски избори

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

– По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес (петок, 30 јуни), во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес, стои соопштение од ДУИ.

Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на ограноци, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните подограноци и членови на раководството на локалните подограноци, процес кој ќе го води Партиската изборна комисија.

Примената на овој модел при изборот на партиските органи, се додава во соопштението, го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.

– На крајот на овој демократски процес, победници ќе бидат сите, бидејќи општото добро, придонесот за неговото остварување и ефикасната служба кон граѓаните се несомнено наша заедничка мисија, се подвлекува во соопштението од ДУИ.