ДУНАВ ЈА ПОПЛАВИ БУДИМПЕШТА, го достигна највисокото ниво во последната деценија (ФОТО)

Дунав денеска се излеа во Будимпешта, со највисок водостој во последната деценија, бидејќи обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа невообичаено рани зимски поплави, јавува Ројтерс.

Унгарскиот генерален директорат за управување со води соопшти дека Дунав доцна во средата достигнал 6,93 метри.

Иако овогодинешната поплава не предизвика големи штети во Будимпешта, експертите предупредуваат дека климатските промени би можеле да ги зачестат раните поплави.

„Ако ја погледнеме пошироката слика, можеме да видиме дека зимските врнежи се зголемуваат, а со зголемувањето на температурите ќе видиме помалку врнежи од снег, кои може и порано да се стопат“, вели климатологот Ана Кис.

Според неа, може да се претпостави дека во иднина поплавите предизвикани од топењето на снегот што се случија во пролетта би можеле да се случат и порано, евентуално во зимските месеци.