Момчето убиец, кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во кој со оружјето на татко му уби девет соученици од ОУ „Владислав Рибникар“ и еден обезбедувач, сведочи во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, преку видео врска!
Како што дознава српски Курир, воспоставена е видео врска помеѓу психијатриската клиника во која момчето се наоѓа од 3 мај и Палатата на правдата каде што се наоѓа Вишото јавно обвинителство во Белград.
- Рочиштето е во тек, момчето дава изјава и одговара на прашања преку видео врска воспоставена меѓу двете институции – вели изворот на Курир.
Како што дознава Курир, тој одговара на прашања поврзани со оружјето на неговиот татко, кое кобниот ден го зел од сефот и убил девет негови врсници и еден чувар.
- Момчето се сослушува како сведок во истрагата што се води против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност, односно поради сомнение дека не чувал безбедно оружје за кое имало дозвола – извор на Курир.