Западен Холивуд, дом на многу познати личности, официјално стана град со највисока минимална плата во САД, откако таа беше покачена на 19,08 долари на час.
Работниците во Западен Холивуд го поздравија зголемувањето поради зголемените цени на киријата, бензинот и намирниците, додека работодавците негодуваат поради зголемените трошоци за работна сила за кои велат дека може да го направат бизнисот непрофитабилен, пишува АП.
Извршниот директор на луксузниот ресторан „Ла Бохем“ изјави за „Лос Анџелес Тајмс“ дека го намалил бројот на вработени од 120 на 80 за да ги намали трошоците.
Околу 35.000 луѓе живеат во Западен Холивуд, кој се наоѓа помеѓу Беверли Хилс и Лос Анџелес.
Минималната плата се зголеми и во други американски градови во саботата.
Минималната плата во Сан Франциско се зголеми за повеќе од еден долар на час на 18,07 долари на час.
Во Лос Анџелес сега е 16,78 долари на час, а минималната плата во Вашингтон е 17 долари, од 16,10 долари на час.