НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПОЗНАТИОТ СРПСКИ ТРЕНЕР! Доживеа мозочен удар по СТРАШЕН судар, а еве како се чувствува сега!

Познатиот фудбалски тренер Љупко Петровиќ се уште е во стабилна состојба, но не се знае во која насока ќе оди неговото закрепнување, тврди познатиот кардиохирург Миљко Ристиќ.

– Тренерот Љупко Петровиќ (76) се уште е во вештачка кома и неговата состојба е неизвесна, но јас сум оптимист – изјави за Информер познатиот кардиохирург Миљко Ристиќ.

Да потсетиме, Љупко во четвртокот најпрвин доживеа благ, а потоа и тежок мозочен удар, откако по автопат возел во спротивна насока и удрил во страната на Шевролет Авео .

Дури и кога виде дека не е на вистинскиот пат, познатиот тренер продолжи да вози. Автомобили и камиони се обиделе да го избегнат, но на крајот дошло до страшен судар.