Силен земјотрес од 6,9 степени ја погоди Тонга

Нема опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Нејафу во Тонга, островска држава лоцирана во западниот дел на Полинезија, во Океанија, објави Американскиот геолошки институт (USGS).

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од цунами за американскиот Западен брег, Британска Колумбија и Алјаска. 

Земјотресот се случил на длабочина од 274 километри, соопшти USGS.