Ако патувате на одмор, еве колку чини еден литар бензин и дизел во регионот: Цената само што “скокна” во омилената држава за летување на Македонците!

Сезоната на годишни одмори е во тек и многумина се подготвуваат да патуваат со автомобил.

Горивото е важна ставка, а факт е дека цената значително варира во зависност од земјата. Не е исто дали ќе го наполните резервоарот во Србија, Хрватска, Грција, Бугарија или Германија и Турција.

Гледајќи ја околината и земјите каде Македонците патуваат со автомобили и цената на горивото, се проценува дека еден литар во моментов е најевтин кај нас во Македонија, а најскап во Швајцарија и Италија. Тоа е поскапо отколку во Црна Гора, БиХ и Србија. Еве колку чини дизелот во земјите од регионот и ЕУ во евра за подобра споредба.

Србија 1,56 евра, Црна Гора 1,37 евра, Босна и Херцеговина 1,25 евра, Македонија 1,15 евра, Грција 1,56 евра, Хрватска 1,5 евра, Унгарија 1,5 евра, Словенија 1,46 евра, Италија 1,78 евра, Германија 1,6 евра, Австрија 1,59 евра, Швајцарија 1,86 евра, Чешка 1,4 евра, Албанија 1,45 евра.

Цената на бензинот БМБ 95

Србија 1,49 евра, Црна Гора 1,53, Босна и Херцеговина 1,36 евра, Македонија 1,30 евра, Грција 1,87 евра, Хрватска 1,4 евра, Словенија 1,42 евра, Италија 1,93 евра, Германија 1,83 евра, Австрија 1,58 евра, Швајцарија 1,83 евра, Чешка 1,61 евра, Албанија 1,48 евра.

Компанијата „Глобал Петрол Прајс“ наведува дека просечната цена на дизелот во светот е 1,2 долари за литар, но има големи разлики меѓу земјите поради различното оданочување и субвенционирање на дизелот. Сите земји купуваат нафта на меѓународните пазари по исти цени, но наметнуваат различни даноци. Цените на горивото во некои земји се ажурираат неделно, а понекогаш и месечно, според оваа страница.