ЕВЕ ШТО КАЖУВА ЗА ВАС ГОДИНАТА ВО КОЈА СТЕ РОДЕНИ: Се верува дека влијае на карактерот, животот и судбината

Овие карактерни црти и тенденции се позабележливи во зрелоста отколку во детството

Ако не верувате дека месецот во кој сте родени влијае на вашите особини и карактер, научна студија спроведена на Универзитетот во Будимпешта може да ве предомисли.

Имено, резултатите од студијата презентирани на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија ја потврдуваат поврзаноста помеѓу сезоната, раѓањето, некои особини и карактери благодарение на биолошкиот часовник и количината на дневна светлина во моментот на раѓање.

Овие карактерни црти и тенденции се позабележливи во зрелоста отколку во детството.

Ако сте родени во пролет…

Според резултатите од студијата, родените во пролет се весели и имаат попозитивен поглед на животот од луѓето родени во другите сезони.

Пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, бидејќи како деца се многу амбициозни, авантуристи и полни со ентузијазам. Исто така, не им треба долго време за да се заинтересираат за некоја идеја. Тие често имаат одреден уметнички талент и најмалку се склони кон депресија и анксиозност.

Ако сте родени во лето…

Родените во летниот период се склони кон чести промени на расположението, кои не мора да имаат одредена причина.

Летните деца се повеќе склони кон нервоза од оние родени во другите годишни времиња. Тие се кавгаџии, имаат љубовен карактер и често ги менуваат работните места.

Ако сте родени наесен…

Студијата покажала дека без оглед на тоа што се родени во годишното време кое се смета за депресивно, есенските деца не се склони кон депресија. Не се преголеми оптимисти, но имаат приземен карактер, што допринесува да имаат и најмал ризик од развој на ментални нарушувања.

Тие се физички активни и претежно се талентирани спортисти.

Ако сте родени во зима…

Овие луѓе се окарактеризирани како емотивно најстабилни, односно се најотпорни на емоционален стрес, тврдат унгарските истражувачи кои објаснуваат дека на тоа влијае и поголемата количина на сонце што го апсорбирале за време на бременоста на мајката.

Зимските деца генерално се исклучително интелигентни, брзо размислуваат и како возрасни се водат повеќе од разумот отколку од чувствата. Тие се карактеризираат со цврсти ставови и доследност.