ЕВЕ што кралот Чарлс и принцезата Дајана КРИЕЛЕ од јавноста со години: Нема да верувате за што се работи! 

Многумина не ја знаеја оваа информација.

Од времето кога се венчаа, па се до смртта на принцезата во 1997 година, славната кралска двојка не можеше да избега од очите на јавноста. Медиумите се обидоа да го овековечат секој момент од нивниот живот, па има безброј заеднички фотографии.

На сите слики, кралот изгледа значително повисок од принцезата Дијана. Вистината е дека тие се всушност со иста висина. Двајцата се високи 178 сантиметри, а на своите фотографии вешто ја криеле оваа информација со години.

Дајана мораше да носи рамни или чевли со многу ниска потпетица за да не се надвива над Чарлс. На социјалните мрежи многумина ја коментираа оваа појава и даваа свои објаснувања.

„Затоа секогаш ја наведнуваше главата надолу. Носеше и рамни или многу ниски потпетици“, „Неговото височество можеби стоеше на кутија“, заклучија некои од нив.

Еден професор смета дека причината за прикривање на вистинската висина е всушност општественото очекување дека жената мора да биде пониска.

– Обично беа наместени за да остават впечаток дека е значително повисок од неа или барем да го прикријат фактот дека не е. Обидот да се направи Чарлс да изгледа повисок е социјална посветеност на идејата дека мажите се повисоки, а жените пониски. Кога нашите сопствени тела и нашите партнери не го следат ова правило, понекогаш многу ќе се трудиме да ја зачуваме илузијата – објаснила професорката на колеџот „Оксидентал“ Лиза Вејд.