Еве што не треба да правите на вашиот iPhone ако сакате да го зачувате подолго време (фото)

Експерт за „Apple“ телефони открива која навика негативно влијае на животниот век на телефоните и траењето на батеријата. Ако сте меѓу оние кои ова често го прават, би требало да престанете веднаш.

„Најголемата заблуда за „iOS“ е дека е добра работа принудно да ги затворате апликациите во позадина кои не се користат“, напишал експертот за „Apple“ Џон Грубер на својот блог „Daring Fireball“.

„Многумина мислат дека апликациите во позадина непотребно трошат RAM, го оптоваруваат CPU, и на тој начин ја трошат батеријата и им штетат на перформансите на уредот, но „iOS“ не функционира така“, објаснил тој.

„Апликациите во позадина се ефективно замрзнати, ограничена е нивната работа и всушност го ослободуваат RAM-от кој го користеле. iOS е навистина добар во тоа. Толку е добар што одмрзнувањето на претходно замрзнатите апликации троши многу помалку сила и енергија од повторно пуштање на апликацијата која била принудно затворена“, вели Грубер.

„Не само што принудното затворање на вашите апликации не помага, туку и ги скратува животниот век. Траењето на батеријата ќе биде послабо, а уредот ќе работи побавно“, тврди тој.

Од компанијата „Apple“ велат дека апликациите треба принудно да се затворат само ако „багуваат“. Можеби тоа е една од причините зошто корисниците на „iPhone“ никогаш не добиле копче за затворање на сите апликации одеднаш, како што е тоа случај со „Android“ телефоните.