Ирина Шајк повторно во центарот на вниманието: Таа имаше поинаква модна комбинација, погледнете ги само чевлите (фото)

Руската манекенка Ирина Шајк по завршувањето на Модната недела се врати во Њујорк, каде папараците ја фотографираа во необични чевли, пренесува Zafodna.rs.

Шајк веќе е позната по своите модни комбинации и дотерување, поради стилот со кој лесно преминува од лежерни во елегантни изданија. Според најновите фотографии таа се одлучила за комбинација од деловен и кежуал стил кој во преден план ги истакнува нејзините нозе.

Беше облечена во црно носејќи преголема јакна но, токму чевлите привлекоа најголемо внимание.

Овој тип на чевли со предниот дел, поточно прстите одвоени на половина, се познати и како „таби“. Шајк го носеше најпопуларниот модел – брендот „Tabi Mary-Janes“ Maison Margiela, чија цена е околу 830 долари.

Иако голем број модни инфлуенсери се висхитени од овој пар чевли, многумина не го делат нивниот ентузијазам, со оглед на тоа што коментираат дека ништо погрдо не се појавило во светот на модата. И покрај ова, интересот за овие необични чевли не се намалува.

Платформата Lyst неодамна објави извештај за најпопуларните модни предмети и брендови во последните три месеци, а првото место го освоија чевлите што ги носеше Ирина Шајк.

Како што пренесува порталот Glossy, за чевлите со цепнатини се вели дека се најбараниот моден производ во моментов, а од почетокот на годината интересот за нив е зголемен за дури 342 отсто.