ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ЗА ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО ЗАМОКОТ ВО ВИЕНА: Поранешната готвачка на Драгана и Тони не сака да молчи за пејачката

Таа со години работеше за нив, а сега откри каква навистина е пејачката!

Како бомба одекна веста дека пејачката Драгана Мирковиќ се разведува од сопругот Тони Бијелиќ со кој мина 24 години во брак. Иако важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, се чини дека вистината беше сосема поинаква.

Драгана и Тони Бијелиќ во бракот имале ќерка и син, а живееле во замок во Виена.

Готвачката на Драгана Мирковиќ со години работеше кај неа во Виена и неодамна детално раскажа како пејачката се однесувала со неа, а и до ден денес некои работи и се несфатливи.

“Таа доаѓаше во нашата кујна и готвеше барабар со нас. Знае да прави сè, и готви… Можете да си ги излижете прстите. Знае и традиционални српски јадења, а богами знае и да експериментира. навистина е прекрасна, вредна, посветена и никој не го гледа од висина иако можеше “, откри таа за „Скандал“.

Многу ми беше жал кога престанав да работам за неа и за Тони, но морав затоа што се преселив“, изјавила готвачката на Драгана пред неколку години.