Еве што се случува со Јутјуб каналот на Карлеуша: Нејзиниот најблизок даде важна објава и ги откри деталите (фото)

Како што се наведува во медиумите, Јутјуб каналот на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша бил затворен откако Александар Радуловиќ Фута, сопругот на покојната Марина Туцаковиќ го пријавил, односно бил ограничен поради наводна злоупотреба на авторските права.

Каналот трипати беше страјкуван, што значеше негово автоматско гасење, а сега нејзиниот најблизок Зоран Бирташевиќ откри како ќе продолжи ситуацијата.

Имено, најблискиот соработник и пријател на Јелена Карлеуша ги извести фановите за важна промена.

Како што изјави, за поп-ѕвездата ќе се отвори нов канал на Јутјуб каде ќе се најдат сите нови песни.

– Ова е каналот на Јутјуб каде што ќе биде објавен албумот – кратко изјави Зоран.

Како што понатаму наведуваат медиумите, новиот канал на Јелена ќе биде под заштита на студиото „Универзал“, најсилната музичка корпорација во светот.

Тоа значеше лансирање на целосно нов канал, на кој на 13 август ќе се најдат новите песни од албумот „Алфа“.