Европа подготвува план Б за Украина!? Орбан итно се огласи: „Ова е добра одлука“

Унгарија го поддржува предлогот Европската комисија да направи нов финансиски план за Украина наместо оној што беше одбиен на последниот самит на ЕУ, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги блокираше амандманите на буџетот на ЕУ за 2024-2027 година на состанокот на Лидерите на ЕУ во Брисел во средината на декември кој предвидуваше издвојување на 50 милијарди евра за Украина.

– Добро е што Европската комисија го подготвува планот Б до 1 февруари, според кој може да се обезбеди финансиска поддршка за Украина без користење на буџетот на ЕУ. Ова е добра одлука! Планот Б на Европската комисија е план А на Унгарија – напиша Орбан на својата страница на Х.

Весникот Политико на 9 јануари објави, повикувајќи се на европски дипломати и документ на Европската комисија испратен до белгиското претседателство на Советот на ЕУ, дека Унгарија може да одобри помош за Украина доколку средствата доаѓаат од вонбуџетски извори и тоа не веднаш, туку постепено, на годишно ниво.

Новиот план, за кој ќе се дискутира на вонредниот самит на ЕУ на 1 февруари, и обезбедува на Украина 12,5 милијарди евра годишно преку грантови и заеми. Така, за четири години, вкупната сума ќе биде 50 милијарди евра, пренесува Спутник.