Европската комисија го осудува одбивањето на Северна Македонија да го прими европратеникот Андреј Ковачев на нејзина територија

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеј го осуди одбивањето на властите во Република Северна Македонија да му дозволат влез на европратеникот Андреј Ковачев на нивна територија

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.  

Го осудуваме одбивањето да се пушти Ковачев во Северна Македонија на 6. мај“, напиша Вархеј на социјалната мрежа Твитер. „Ја повикуваме Владата во Северна Македонија итно да ја разјасни ситуацијата“, вели тој.

„Одбивањето да се прими европратеник е многу сериозна одлука“, додава еврокомесарот.