Еден Азар си ја отвори душата во емотивно интервју за неговата кариера: “Да бев како Кристијано Роналдо, ќе изгорев. Сакам да јадам и да пијам неколку чаши, диетата е ѓубре…“

Еден Азар даде интервју за France Football каде откри многу работи за неговиот однос кон фудбалот и кариерата. Пред се, тој се задржа на времето поминато во Реал Мадрид.

Мислам дека одењето на тренинг беше дури и малку срање. Доаѓам, ни копачките не ги врзувам и велам: Ајде напред и добро е. Ако си добар, победуваш, добиваш бонуси и сите се среќни. Но, има денови кога не сте, а потоа сте мета на критики“, започна Еден Азар.

Премиер лигата ја спореди со Ла Лига во која, како што тврди, доживеал најлош третман од противниците.

Во Премиер лигата не беше толку лошо, ја почитуваа играта и не правеа многу груби стартови, но во Шпанија се многу груби, многу посурови. Малку те газат и се прават дека тоа не го направиле намерно“, додаде поранешниот белгиски репрезентативец.

На прашањето дали времето во Реал Мадрид му било стресно, тој не даде конкретен одговор.

Понекогаш имаше стрес, поврзан со натпреварот, со емоции, но не поради одговорност. Всушност, бев повеќе под стрес кон крајот, кога играв помалку. Требаше да играм, требаше да докажам. Не знам дали беше стрес. Таму имав чувство дека ќе ја изгубам топката пред да ја добијам“, изјави Еден Азар.

Тој зборуваше и за играчите кои најмногу го импресионирале во фудбалскиот свет.

Поединечно, Лионел Меси е можеби единствениот. Уживав да го гледам кога беше во Барселона, малку помалку кон крајот, но тој е сепак најголемиот во историјата. Беше невозможно да му се одземе топката. Кристијано Роналдо е поголем играч од мене, но, чисто фудбалски, мислам дека не беше подобар од мене. Во Реал Мадрид секогаш ги имаш најдобрите, Карим Бензема, Лука Модриќ, тие беа во врвот, како и Тони Крос и Кевин Де Брујн“, изјави Белгиецот.

На честите споредби со играчи како Кристијано Роналдо, тој одговори дека не би сакал таква кариера.

Не би бил јас. После тренинг, потопете се во ладна бања еден час, не. Остави ме на мира со другарите, да си одиме дома, да играме карти, да пиеме пиво. Така, играњето со децата во градината два часа беше моето закрепнување. Да бев како Кристијано Роналдо, но и како некои други фудбалери, ќе изгорев. Не одев во теретана на секои три дена, не правев три часа физиотерапија за опоравување. Бев мрзелива личност“, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид.

Тој се осврна и на исхраната, која не ја сметаше за претерано важна во кариерата.

Нема да кажам дека ја злоупотребив храната, но не и обрнав толку многу внимание. Не и придавав никаква важност. Сакам да јадам со пријателите и да пијам неколку пијачки. Ми се случи ден пред натпреварот да јадам секакви работи дома. Диетата е ѓубре, бескорисна е. Всушност, добро е ако сакаш да играш до 40. Знаев дека нема да бидам еден од нив“, заклучи Еден Азар.