ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ КОШАРКАРИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА! Паднал на концертот, па бил итно пренесен во болница и опериран!

Карим Абдул Џабар (76), еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, доживеа несреќа по која заврши во болница.

Абдул Џабар падна за време на концерт во Лос Анџелес во петокот и го скрши колкот.

Освојувачот на шест шампионски прстени во НБА и вториот најдобар стрелец на ова натпреварување на сите времиња веднаш беше префрлен во болница каде што беше опериран и моментално се опоравува.

  • Синоќа додека гостувал на концерт, Карим случајно паднал и го скршил колкот. Тој денеска ќе биде опериран. Благодарни сме за поддршката на Карим, особено на пожарникарите од Лос Анџелес кои му помогнаа на Карим на лице место и на одличниот медицински тим и лекарите во болницата UCLA кои се грижат за Карим во моментов – Дебора Моралес, долгогодишниот деловен партнер на познатиот кошаркар , рече во саботата.

Абдул-Џабар освои шампионска титула со Милвоки во 1971 година и уште пет со Лос Анџелес Лејкерс во 1980-тите.

Шест пати беше МВП, два пати МВП на финалето, 19 пати учествуваше на „Ол Стар“ за викендите. Тој стана најдобар стрелец во историјата на НБА во 1984 година, а до крајот на кариерата, односно до 1989 година, го подобри рекордот што неодамна го собори Леброн Џејмс.