Еден ученик загина, неколкумина повредени – откако училишен автобус удрил во возило, излетал од патот и удрил во дрво

Трагедија на лизгав зимски пат во Германија.

Станува збор за настанот кога училишен автобус доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на Кранзахл, мал град во Ерцгебиргскрајс.

Како резултат на тоа, како што пренесуваат германските медиуми, еден ученик загинал – додека други 13 лица се повредени.

Според пишувањето на германските медиуми , пренесува Телеграф, несреќата се случила околу 06:30 часот на завеаниот пат Рихтерштрасе.

Според првичните полициски сознанија, училишниот автобус се судрил со возило на зимската служба.

Тогаш автобусот излегол од патот и се судрил во дрво.

Како што потврди портпаролката на полицијата за БИЛД, во несреќата загинало училишно дете.

Сепак, таа не откри дали се работи за девојче или момче. Засега не е позната возраста на жртвата.

Во меѓувреме, во несреќата тешко се повредени двајца возрасни меѓу кои и возачот на автобусот.

Уште 11 лица, од кои десет деца, се здобиле со полесни повреди.

На местото на настанот има огромен број служби за итна помош, а сообраќајот е целосно затворен.

„Точната причина за несреќата се уште се утврдува. Операцијата на местото на настанот се уште трае со бројни служби за итна помош“, изјави портпаролката на полицијата.