ЕДЕН ЧАС ПОДОЦНА СЛУШНАЛА ЗА ПУКАЊЕТО ВО УЧИЛИШТЕТО – Мајката на убиецот од Врачар кобното утро забележала чудно однесување кај својот син: „И рекол да не се грижи…“

Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ откри како се однесувал нејзиниот син на денот на масакрот.

Мајката на момчето што уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во средата била сослушана во полиција и во таа прилика детално ја раскажала својата верзија за приказната за детството на нејзиниот син, неговото здравје, неговиот однос со врсниците и семејните односи.

На денот на убиството бил „расеан“

Како што е познато мајката рекла дека на кобниот 3 мај станала прва да им подготви појадок на момчето и неговата сестра. Нејзиниот сопруг отишол на работа, по што таа ги разбудила децата. Таа тврди дека и тогаш не забележала ништо чудно во однесувањето на нејзиниот син, освен што бил бавен за време на појадокот и при подготвувањето.

– Момчето наводно и рекол на мајка си да не се грижи, бидејќи учителката може да доцни. Мајката тврди дека потоа отишла да ја однесе ќерка си на училиште, а момчето останало дома и самото се спремило  – се наведува.

Еден час подоцна, мајката слушнала за пукањето во училиштето. Таа во полиција изјавила дека мислела дека нејзиниот син е ранет во пукотницата и веднаш отишла во училиштето каде ја дознала вистината.

– Мајката вели дека била вознемирена, дека сè уште и е тешко да поверува дека нејзиниот син го направил ова и инсистира дека ништо не укажува дека вакво нешто можело да се случи. Таа истакна дека и самата плаче за објаснување и одговори.