Водачот на руската паравоена група Вагнер денеска изјави дека неговите борци го зазеле селото Красна Гора, неколку километри северно од Бахмут.
„Денеска, јуришните единици на Вагнер го зазедоа локалитетот Красна Гора“, рече Евгениј Пригожин, соопшти неговата прес-служба.
Оваа изјава не е потврдена од независни извори.
Бахмут е еден од клучните градови што Москва со месеци се обидува да го освои. Руските сили пресекоа неколку патишта до градот, што е од големо значење за снабдување на украинските војници.
На 11 јануари, групацијата Вагнер објави дека го зазела Соледар, поголемо населено место, недалеку од Красна Гора.
Два дена подоцна руското Министерство за одбрана објави дека Соледар е освоен.