ASTON MARTIN сака да го донесе Макс Верстапен (27) и планира да му понуди договор вреден милијарда фунти (1,18 милијарди евра), пишува Daily Mail. Астон Мартин сака да го привлече четирикратниот шампион во Формула 1 и со него да ја освои титулата. Британските медиуми пишуваат дека тој договор би бил „еден од најголемите договори во историјата на спортот“.
Џеферсон Слек, близок соработник на канадскиот сопственик на Астон Мартин, милијардерот Лоренс Строл, наводно им рекол на потенцијалните инвеститори дека Верстапен ќе се приклучи на тимот. Холанѓанецот би добил бонус при потпишување на петгодишен договор и веројатно удел во вредноста на Астон Мартин.
Сепак, Верстапен неодамна изјави дека би било идеално доколку кариерата ја заврши во Ред Бул, со кој има договор до 2029 година и во кој ги постигна сите успеси. Тој во моментов заработува речиси 60 милиони евра годишно, додека Астон Мартин наводно би му понудил повеќе од 200 милиони евра. Верстапен е единствениот спортист кој може да каже колку бара“, пишува Дејли Мејл.