Една година пиев топла вода и лимон: Она што се случи во мојот организам ме изненади (фото)

Сокот од лимон во чаша топла вода е идеален пијалок веднаш по будењето бидејќи го подготвува телото за она што го чека во текот на денот – го детоксицира, делува благотворно на кожата, ја стимулира работата на мозокот и дигестивниот систем и помага во губење на вишокот килограми, според експертите.

Водата мора да биде топла бидејќи е подобра за вашето тело. Имено, според старата кинеска медицина, ладните пијалоци имаат стресно дејство врз нашиот организам бидејќи телото мора да ги загрее пред да поминат понатаму низ дигестивниот систем.

Рецептот е едноставен: Доволна е четвртина лимон исцеден во чаша вода приближно на температурата на вашето тело. Многу луѓе додаваат малку мед на таков пијалок.

лимонада, цитрус

Една година пиела вода со лимон и го опишала своето искуство

Кристал Дејвис од САД одлучи да пие топла вода со лимон и мед на празен стомак во текот на една година секое утро. Ја интересирало какви промени ќе се случат во нејзиното тело. На крајот признала дека била позитивно изненадена.

– До пред неколку години купував пијалоци со лимон и мед во аптеките кога имав грип. Секако, немаше голема помош од нив, така што, признавам, бев малку скептична кога го започнав овој предизвик. Сепак, сосема е различно да се пие вистински мед и вистински лимон. Решив да пијам топла вода со лимон и мед 12 месеци, секое утро на празен стомак – се прашував дали е толку чудесно како што некои тврдеа. Јас сум многу задоволна. Имено, цела година немав настинка, немав грип или стомачни тегоби, иако понекогаш имав чувство дека ќе фатам нешто, но тоа не се случи. Всушност, со текот на времето бев толку воодушевена од овој пијалок што почнав да го носам со себе кога патував некаде – рекла таа.

Освен тоа, таа стана утринска личност и веќе нема потреба од кафе, вели таа.

– Имам повеќе енергија и се чувствувам посреќно веднаш наутро, што не беше случај порано. Порано, ми требаше еден час да се расонам. Луѓето околу мене велат дека сега сум многу попријатно друштво наутро. Јас генерално користам половина свеж лимон и една лажичка органски мед во класична чаша. Прво ја варам водата и оставам малку да се излади, колку да се раствори медот. Додадам и сок од лимон и го пијам веднаш по будењето. Меѓутоа, понекогаш лимонот има повеќе сок или е покисел, па додавам уште малку мед – треба малку да експериментирате. Ако половина лимон ви е премногу, можете прво да користите четвртина, додека не се навикнете – објаснува таа.