Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патот Гевгелија-Богданци

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во несреќата учествувале четири патнички автомобили, изјави портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова.

„Во Полициската станица Гевгелија пријавено е дека на регионалниот пат Гевгелија-Богданци се случила сообраќајна незгода во која учествувале четири патнички автомобили – два мерцедеси, опел корса и хјундаи. Во незгодата возачот на едно од возилата починал на лице место. Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија вршат проверка на местото“, рече Трајанова.

Поради несреќата регионалниот пат Богданци – Гевгелија е во прекин во двата правци, додека сообраќајот се пренасочува преку село Богородица.