ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНАЛО ПОРАДИ ТРУЕЊЕ СО СУПЛИМЕНТИ : 76 од нив завршиле во болница

Познатата јапонска фармацевтска компанија Кобајаши денеска објави дека ја истражува смртта на едно лице и хоспитализацијата на најмалку 76 лица кои можеби се поврзани со нејзините таблети од црвен квасец .

Компанијата ги повика клиентите да престанат да ги користат овие апчиња „бенни коџи“, кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок, пренесува Би-би-си.

Таа пилула е всушност ориз ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.

Компанијата „Кобајаши“ се сомнева дека проблемот настанал поради неоткривање на токсична супстанција во мувлата, а засегнатите клиенти пријавиле симптоми како обезбојување на урината, отечени екстремитети и замор.

„Иако вредно ги утврдуваме фактите и причинско-последичните врски, сакаме да го објавиме ова заради брзо откривање информации. Нашата компанија секогаш го ставаше здравјето на нашите клиенти на прво место и искрено се извинуваме за оваа ситуација“, рече Кобајаши.