ЕДНО ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ЈАДЕЊА – Денеска е Светскиот ден на пицата

Пицата има сè. Во неа уживаат и млади и стари, со бескрајни комбинации, често и евтина, пицата ја прави едно од најпопуларните јадења во светот, поради што и доби свој ден во меѓународниот календар.

Денеска, 9 февруари е Светскиот ден на пицата и се слави во многу земји ширум светот.

Се верува дека пицата за прв пат е направена во Неапол, Италија, помеѓу XVII и XVIII век. Сепак, слични јадења биле споменати во римската и хеленската литература, како што е старогрчкиот плакус, сплескан леб со билки, кромид, лук и сирење. Дури во 997 година п.н.е. терминот пица се наоѓа во латински текст во Гаета, Италија.

Името пица доаѓа од pinsa, од глаголот pinsere, што на италијански значи дробење или притискање, на кој начин се прави тестото за ова јадење.

Во Италија, регионалната варијанта со најдолга традиција е неаполската пица, како и единствениот вид признат на национално и европско ниво. Препознатливи се само две варијанти: Маринара, со домат, лук, оригано и маслиново масло (постои и варијанта со солена риба); и Маргерита (не Маргарита!), која содржи моцарела, домат, свеж босилок и маслиново масло.