Економијата во Македонија ќе се стабилизира! Потврда на политиките од „Standard & Poors“

Од Министерството за финансии велат дека економијата во Северна Македонија ќе се стабилизира, фискалната консолидација продолжува, додека долгот ќе остане на стабилно ниво.

Ова, според МФ, го потврдуваат и од „Стандард и Пурс“.

„На среден рок, економскиот раст во земјава ќе се стабилизира, додека приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции, ќе дадат силен поттик во оваа насока. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во однос на интеграцијата во ЕУ, што ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фискална консолидација, намалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурни реформи, додека долгот ќе се одржува на стабилно ниво. Ова се истакнува во најновиот извештај на агенцијата „Стандард и Пурс“, кој го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија кај Светска банка – со стабилна перспектива. Особено е важно кредитниот рејтинг ББ- со стабилна перспектива