Експлозија во илегална нафтена рафинерија, најмалку 12 мртви во Нигерија

Најмалку 12 лица загинаа по експлозија во илегална рафинерија за гориво.

Експлозијата се случила на нафтовод од кој луѓето краделе нафта, изјави портпаролката на полицијата Грејс Иринџ-Коко, додавајќи дека истрагата е во тек.

Се известува дека експлозијата и пожарот кој траел неколку часа биле предизвикани од искра на гас од автобус натоварен веќе со стотици литри дизел, пишуваат медиумите .

Нелегалните рафинерии се профитабилни во Нигерија, која е еден од најголемите африкански производители на нафта.

Повеќето од нив се во регионот богат со нафта „Делта на Нигер“, каде што се наоѓаат повеќето легални нафтени капацитети.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во слична експлозија минатата година.