Експлозија во фабрика за оружје во Индија: Загинаа 9 работници, меѓу кои 6 жени

 – Најмалку 9 работници загинаа, од кои 6 жени, а уште три лица се повредени од експлозијата што вчера се случи во фабрика во западната индиска држава Махараштри.

Експлозијата се случи во фабрика во округот Нагпур. Станува збор за погон за производство на експлозиви и дронови за потребите на индиската војска.

Заменик премиерот на Махараштри, Девендра Фаднавис, упати порака на сочувство на семејствата на загинатите работници и им вети исплата на обештетување во висина од 500.000 индиски рупии (околу 5.500 евра).

Локалните медиуми објавија дека тројцата повредени се префрлени во болница.

Од фабриката соопштија дека преостанатите работници се евакуирани од комплексот и дека ситуацијата е ставена под контрола.