Екстрадициски притвор за Палчо: Ова се следните чекори во случајот што го потресе регионот – Дали Ердоган ќе ја спушти рампата!?

Љупче Палевски е првоосомничен за киднапирањето и убиството на 14-годишно девојче и 74-годишна фризер, соопшти денеска Министерството за правда на Северна Македонија.

На 7 декември, Министерството за правда на Северна Македонија поднесе барање до Турција за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот фризер Панчо Жежовски од Велес, а турските власти му одредиле екстрадиционен притвор од 40 дена.

Сега останува да се види дали турските власти ќе условуваат со можна трговија со влијание во врска со присутвото на припадници на кланот на Фетулах Ѓулен на македонска територија? И дали е тоа можеби една од причините за бегството на Палевски токму во Турција, иако знаејќи ја состојбата во затворите во Турција и Македонија, тешко може да се каже каде би имал подобар престој на топол оброк три пати на ден? Со еден збор кажано сега ќе се тестира квалитетот на односите меѓу Скопје и Анкара, бидејќи беше мало изненадување што Турција на Самитот на ОБСЕ во Скопје не беше преставувана на посакуваното ниво.

Љупче Палевски е првоосомничен за киднапирањето и убиството на 14-годишно девојче и 74-годишна фризер, соопшти денеска Министерството за правда на Северна Македонија.

Во соопштението се наведува дека Амбасадата на Северна Македонија во Анкара доставила нота од Министерството за надворешни работи на Турција и до Министерството за правда во која се информира дека Палевски, според писмото од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на градот Баликесир, да му одреди екстрадиционен притвор од 40 дена.

За случајот со киднапирањето и убиството на девојчњ и фризер на 5 декември, Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против пет лица, меѓу кои и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Четворицата се сомничат дека се соизвршители на кривичното дело киднапирање и две свирепи убиства – едно малолетно лице и едно лице за личен интерес, а петтото е осомничено дека помагало во извршување на кривичното дело киднапирање малолетно лице.

Судијата за претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје вчера го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го превезуваше Палевски од Србија во Турција.

Девојчето било киднапирано во понеделникот на 27 ноември околу 07:30 часот, а според изјавите на осомничените, од кои едниот бил сведок на самиот чин, таа била убиена два часа подоцна – околу 10:00 часот.

Нејзиното тело е пронајдено во близина на селото Бразда на периферијата на Скопје, каде се наоѓал и опожарениот автомобил „Цитроен“ што бил користен за киднапирањето.