Овој човек ги преживеа двете атомски бомби фрлени врз Јапонија – исклучително редок случај во светот!

Околу 140.000 луѓе загинаа во атомскиот напад на Хирошима, а 70.000 во Нагасаки, но не и Јапонецот Цутому Јамагучи кој ги преживеа двете детонации на бомбите.

Цутому Јамагучи живеел и работел во Нагасаки но летото 1945 година отишол на тримесечно службено патување во Хирошима.

Тој 6 август тој требаше да го напушти градот со двајца колеги и беше на пат кон железничката станица кога сфати дека ги заборавил документите што му се потребни за да патува од еден град во друг за време на воената состојба. Така тој се вратил на своето работно место и во 8:15 часот бил во јавен превоз кога американскиот бомбардер Б-29 Енола Гај го исфрлил својот смртоносен товар некаде во облаците над него.

Јамагучи подоцна рече дека го слушнал авионот, но го игнорирал. На крајот на краиштата, тоа беше војна и бомбардери постојано летаа над Јапонија. А потоа се случи експлозија и сè што видел Јамагучи беше светлина.

Јамагучи бил на само 3 километри од местото каде што експлодирала атомската бомба. Силата му ги уништила ушните тапанчиња, светлината привремено го заслепила, а лавината што следела го оставила со тешки изгореници низ левата страна на торзото.

Откако се освестил, Јамагучи отишол да ги бара своите колеги. Се испостави дека и тие преживеале. Ноќта ја поминале заедно во засолниште пред да се вратат дома следниот ден – во Нагасаки, оддалечен 320 километри.

Втората атомска бомба

Во Нагасаки, Јамагучи ги залечи раните. Иако неговото семејство го повикало да легне, два дена подоцна тој се појавил на работа со завои. Беше околу 11 часот на 9 август 1945 година и тој им раскажуваше на своите колеги за ужасите што ги доживеал во Хирошима. Никој од нив не можеше да поверува дека една бомба може да уништи цел град и скептично ја слушаа приказната. И тогаш тие самите ја почувствуваа експлозијата. Во 11:02 часот американски бомбардер ја фрли атомската бомба „Дебелиот човек“ врз градот.

Јамагучи овојпат не беше повреден во експлозијата, но големата топлина ги изгоре завоите и уште еднаш ја изгоре неговата чувствителна кожа. Повеќе од една недела потоа, тој страдаше од висока температура и континуирано повраќање.

Семејството на Јамагучи – неговата сопруга и малата ќерка – исто така го преживеаја бомбардирањето. Двојката подоцна добила уште две ќерки. За време на сојузничката окупација на Јапонија, тој работел како преведувач, а подоцна се вработил во „Мицубиши“ дизајнирајќи танкери за нафта.

Тој ги сноси последиците од бомбардирањето и физички и психички. Повеќе не можеше да слуша на левото уво, привремено остана без косата, а со години носеше завои на чувствителните делови од кожата. Лузните на тие места му останале до крајот на животот.

Животот по бомбардирањето

Во 1957 година, тој доби статус на „хибакуша“ („лице погодено од експлозијата“) во бомбардирањето на Нагасаки, но дури на 24 март 2009 година јапонската влада официјално го призна неговото присуство во Хирошима три дена порано. После тоа, медиумите се заинтересираа за неговата приказна и му дадоа прекар „Човекот наречен среќа“ и „Атомски човек“.

Јамагучи стана јавен противник на употребата на нуклеарно оружје и така остана до длабока старост. Во осумдесеттите тој напиша книга за своите искуства, како и книга поезија. Учествувал во документарниот филм за „двојните преживеани“ наречен „Двапати преживеани: двојната атомска бомба на Хирошима и Нагасаки“, кој беше прикажан во Обединетите нации во 2006 година.

На проекцијата тој се залагаше за укинување на атомското оружје.

– Причината поради која ја мразам атомската бомба е поради тоа што таа го прави на достоинството на луѓето – рече тој во интервју пред крајот на својот живот.

– Причината поради која ја мразам атомската бомба е поради тоа што таа го прави на достоинството на луѓето – рече тој во интервју пред крајот на својот живот.

Во неговите подоцнежни години, Цутому Јамагучи подлегна на она што е медицински познато како „радијациона болест“, вклучувајќи катаракта и акутна леукемија. Тој почина од рак на желудникот на 4 јануари 2010 година на 93-годишна возраст, а од рак почина и неговата сопруга.