ЕКСТРЕМНА ТОПЛИНА Топлотен бран: Вклучен црвен метео аларм во 15 градови во Италија

Во 15 градови низ Италија е активиран црвен метео аларм, бидејќи екстремните горештини продолжуваат да ја зафаќаат јужна Европа.

Предупредувањата, кои укажуваат на ризици дури и за здрави луѓе, се однесуваат на туристичките жаришта, вклучувајќи ги Рим, Фиренца и Болоња во следните неколку дена.

Следната недела во Европа се очекуваат потенцијални рекордни температури со наближување на нов топлотен бран.

Европската вселенска агенција (ESA) соопшти дека Италија, Шпанија, Франција, Германија и Полска би можеле да достигнат максимални температури.

ЕСА ги следи температурите на копното и морето преку своите сателити.

Највисоката температура досега забележана во Европа беше 48,8 степени Целзиусови на Сицилија во август 2021 година, а слични нивоа може да се достигнат и оваа недела.

Во Италија, исто така, постои страв од зголемен ризик од пожар, особено во областите со силен ветер.