Украинскиот суд одреди притвор на митрополитот Павел од Киевско-печерската лавра и кауција од речиси милион долари

Украинскиот суд одлучи игуменот на Киевско-печерската лавра, митрополитот Павел, да биде префрлен во притвор откако му беше изменета мерката куќен притвор.

Како што пренесуваат странските агенции, му било понудено да плати кауција во износ од речиси 900.000 долари, но тој не се согласил со одлуката на судот и рекол дека нема толку пари.

Тој истакна дека судијата што ја донел одлуката бил „под притисок од луѓе кои имаат интерес“, а пред да го изнесат во ходникот побарал да го земе евангелието и таблетите од автомобилот.

Украинското правосудство го товари митрополитот Павел за „нарушување на еднаквоста на граѓаните во зависност од нивните религиозни убедувања“, како и за „оправдување, признавање како легална и негирање на руската агресија врз Украина“, за што е предвидена затворска казна до осум години и  конфискација на имот.

Во март, украинското Министерство за култура го раскина закупот на земјиштето на кое се наоѓа Киевско-печерската лавра и побара монасите да го напуштат манастирот до крајот на месецот.

Тие можат да изберат да останат доколку се преобратат во Православната црква на Украина, која не е призната од повеќето локални цркви.

Украинската православна црква, која е под јурисдикција на Руската православна црква и на која и припаѓа манастирот, соопшти дека е невозможно еднострано раскинување на договорот за закуп на земјиштето.

Игуменот е ставен во домашен притвор под обвинение за поттикнување секташка омраза и поддршка на акциите на Русија, а според него, му било понудено отстранување на сите обвиненија во замена за преминување во Православната црква на Украина.