Во текот на упадот во џамијата, еврејските доселеници ги чувала израелската полиција
Екстремно десничарски еврејски доселеници упаднаа рано утринава во дворот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен ал Кудс (Ерусалим), пренесува Анадолу.
Во текот на упадот во џамијата, еврејските доселеници ги чувала израелската полиција.
Полицијата почнала да се распоредува околу месџидот Кибла и не им дозволила на Палестинците кои биле внатре да излезат надвор.
Подоцна почнале да ги водат еврејските доселеници во џамијата Ал Акса под интензивни мерки на безбедност.
Претходно, израелската полиција не им дозволила на младите Палестинци да влезат во комплексот на џамијата Ал Акса за да ја извршат утринската молитва.
Палестинците, на кои не им било дозволено да влезат, ја извршиле утринската молитва пред џамијата.
Тензиите на палестинските територии ескалираа откако израелските сили упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса во Источен ал Кудс (Ерусалим) и насилно ги протераа верниците во вторникот и средата.
Израелските упади во џамијата предизвикаа напади од Појасот Газа и од Либан, а Израел возврати со воздухопловни напади.
Палестинците го обвинуваат Израел дека систематски работи на јудаизирање на Источен ал Кудс (Ерусалим), каде се наоѓа комплексот Ал Акса, и се труди да го избрише неговиот арапски и исламски идентитет.
Ал Акса претставува трето најважно место за муслиманите, додека Евреите тоа подрачје го нарекуваат „Рид на храмовите“, тврдејќи дека во далечното минато на тој локалитет се наоѓале два еврејски храма.
Израел од 2003 година им дозволува на еврејските доселеници да влезат во комплексот речиси секојдневно, освен во петок и сабота.
Израел во текот на арапско-израелската војна во 1967 година го окупираше Источен ал Кудс, а во 1980 година го анкетираше целиот град, потег што меѓународната заедница никогаш не го призна.