Екс-голман на Барса обвинет дека има плата од 6 милиони, а не сака да плати 1.200 за лекување на ќеркичката

Поранешниот голман на Барселона и Валенсија, Јасперс Силесен доби тужба откако одбил да одвои 1.200 евра за да го подмири трошокот за лекување на ќеркичката која ја има со новинарката Марија Моран.

Јаспер Силесен, кој во моментов е член на НЕК Нијмеген, се најде во фокус на шпанската јавност откако неговата поранешна девојка му поднесе тужба. Голманот од врската со Марија Моран има ќеркичка, за која не сака да се грижи, како што обвинува новинарката.

Неодамна, малото девојче било хоспитализирано и трошоците за лекување изнесувале 1.200 евра. Адвокатот на Марија Моран вели дека и покрај тоа што Јаспер Силесен има плата од 6 милиони евра годишно и богатство од околу 40 милиони евра, одбил да го плати лекувањето.

Сметката од 1.200 евра на крајот била подмирена од дедото на Марија, кој има 90 години и повлекол пари од својата заштеда.