Украина ќе може да ги користи борбените авиони Ф-16 ветени од Данска и Холандија само на своја територија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен.
Данска и Холандија вчера објавија дека ќе и достават борбени авиони Ф-16 на Украина, а првите шест се очекуваат да пристигнат околу Нова година.
– Донираме оружје под услов да се користи само за истиснување на непријателот од територијата на Украина. Тоа се условите, без оглед дали се работи за тенкови, борбени авиони или нешто друго, истакна Елеман-Јенсен.
Данска вети дека ќе и испорача вкупно 19 борбени авиони на Украина. Холандија има вкупно 42 борбени авиони Ф-16, но сè уште не кажала колку од нив ќе и подари на Украина.