Елката на Данела стана позната: Ваква елка нема ни на Али Експрес (фото)

Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Јелка во Скопје дефинитивно нема никакви амбиции, но брзо стана хит на интернет и омилена меѓу туристите.

„Несреќната“ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ – не е довршена, се чини дека не е ни целосно накитена, а згора на тоа и искривена.

Како кривата кула во Пиза, напишаа некои, па веднаш почнаа да се сликаат имитирајќи ја Кривата кула – таа изгледа како да паѓа а тие ја држат ..

По исмејувањето почнаа и навредите. 

,,Ваква елка нема ниту на Али експрес“, пишуваат на социјалните мрежи. ,,Каков народ таква елка: сиромашен, страшен, грд за гледање“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи. „А ако сакате да бидете оптимисти и позитивни и да се чувствувате добро, погледнете како е Скопје“, напиша друг.