Елмас: Благодарност до Осимен за асистенцијата, Мацари не сплоти

 Македонскиот фудбалер Елиф Елмас донесе победа за Наполи на натпреварот со Аталанта одигран вчеравечер во Бергамо. Елмас кој во игра влезе во 63. минута, го постигна победничкиот гол во 79. минута по додавањето на Виктор Осимен.

– Му благодарам на Осимен за асистенцијата. Тој е исто како и јас заслужен за голот. Се гледа дека смената на тренерот донесе освежување во тимот. Мацари не сплоти. Покажавме заедништво на теренот. Одлично работиме, истакна Елмас. 

Наполи кој е актуелен шампион на Италија, по 13 кола се наоѓа на 4. место со освоени 24 бодови. 

Пред наполитанците се Интер со 31 и Јувентус со 29 бода и натпревар помалку, како и  Милан со 26.