По натпреварот камерите снимија исклучително интересна сцена на теренот.
Во НБА-лигата утринава на програмата беа само три натпревари, но сите беа своевидно дерби.
Најинтересно беше во дуелот помеѓу последните МВП-кошаркари во лигата, Жоел Ембид и Никола Јокиќ. Филаделфија го победи шампионот Денвер со 126-121. Ембид ги предводеше Сиксерс со 41 поен и 11 асистенции, но Камерунецот по натпреварот му дофрли на Јокиќ, „ти си најдобриот играч во лигата“. Српскиот центар го заврши натпреварот со 25 поени и 19 скока.
Лос Анџелес клиперс ја запишаа деветтата победа на последните 11 натпревари откако утринава на домашен паркет беа подобри од Оклахома со 128-117. Пол Џорџ имаше рекордни сезонава 38 поени за Клиперс, а Каваи Ленард и Џејмс Харден постигнаа по 16 поени. Кај Тандер најдобар беше Џејлен Вилијамс со 25 поени.
Феникс го заврши натпреварот со 23-4 за триумф о д119-117 против Сакраменто. Грејсон Ален имаше 29 поени за Санс, а Кевин Дурент запиша 27. Кај Кингс, Домантас Сабонис имаше трипл-дабл со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции, а Деарон Фокс постигна 33 поени.