Енрике: Мбапе не е Супермен кога постигнува осум гола и не е просечен играч кога не постигнува голови

 Луис Енрике го поддржува Килијан Мбапе поради лошите настапи во последните натпревари. Напаѓачот на ПСЖ не забележа ниту еден гол или асистенција на натпреварите против Марсеј (4:0), Клермон (0:0) и Њукасл (1:4).

– Се сеќавам дека пред две или три недели, во истата просторија, ме прашаа дали зависиме од Килијан затоа што постигна седум или осум гола. Сега ме прашувате што треба да направи Килијан бидејќи не постигна гол на последните натпревари… Мора да бидеме понормални околу тоа. Тој е 100% подготвен. Играчите минуваат низ различни состојби во текот на сезоната. Тој не е ниту Супермен кога ќе постигне осум гола, ниту е просечен играч кога не. Не е сè бело или црно, секогаш има нијанси. Килијан е витален и одлучувачки играч за нас. Мојата цел како тренер е да ги истакнам неговите силни страни и да се погрижам да не ги видиме неговите слабости, рече тренерот на ПСЖ.

Дваесет и четиригодишниот Мбапе во ПСЖ дојде од Монако во 2017 година. Тој досега з апарижаните има постигнато 142 гола.