Ентони Блинкен повика на ‘итна деескалација’ од Србија и Косово

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ги повика косовските и српските лидери да ги намалат тензиите, предупредувајќи дека ги ставаат на ризик аспирациите за европска интеграција.

Ги повикуваме владите на Косово и Србија да преземат итни чекори за деескалација на тензиите“, изјави Ентони Блинкен на прес додека се водат разговорите за НАТО во Осло.