Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз ги стартуваше натпреварите од групата „А“ на Европското првенство Дивизијата „Б“ во Португалија. Подобри од нашите репрезентативци беше селекцијата на Велика Британија со 84:68.
Марко Луканоски со 22 поена и девет скока, беше најдобар во македонскиот состав, Андреј Шошкиќ постигна 12, Никола Јаничиќ додаде 11.
Денес од 16:30 часот „црвено-жолтите“ се среќаваат со репрезентацијата на Австрија, која има две победи по првите две кола.